0Shares
🌲Денес нашето училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово го посети Боренка (Иницијатива за пошумување на опожарени подрачја во организација на Сојуз на извидници на Македонија и ЈП Национални шуми.).
Боренка со поддршка од @ladna.mk 💧, одржаа едукативна работилница на која нашите ученици учеа како секој од нас може да придонесе за почиста и позелена планета, за тоа како можеме да ја заштитиме природата, да превенираме шумски пожари и зошто секое засадено дрво има своја приказна 🌍🌳
Учениците цртаа, учеа и се забавуваа додека ја создаваа својата виртуелна шума на borenka.mk 💚
А најубаво од сè – децата заминаа инспирирани и подготвени да станат мали еко-херои 💚
Голема благодарност до тимот на Ладна за поддршката и заедничката грижа за природата! 🌲Боренка🌲 во организација на @nacionalni.sumi и @scoutsmacedonia @borenkamk .
Коментари