0Shares

Тимот за поддршка и безбедност во нашето училиште оваа учебна година ќе биде посветен на создавање на безбедна и пријателска училишна средина.

Учениците имаа за цел :
-да придонесе за создавање позитивна и безбедна училишна клима;
-да промовира култура на почит, толеранција и соработка меѓу учениците;
-да поттикнува меѓусебна поддршка и разбирање;
-да учествува во активности за превенција на насилство и градење пријателски односи во училиштето.

Тимот ќе соработува со педагогот и психологот на училиштето во насока на унапредување набезбедноста во училиштето, ќе предлагаат идеи и активности.
Со формирањето на овој тим, училиштето уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање средина во која секој ученик се чувствува прифатен, безбеден и почитуван.

Коментари