67Shares

Денес, во нашето училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, наставниците Мирјана Манева Арсовска и Љупчо Лазаровски спроведоа интерактивна работилница со учениците од IX одделение, како дел од повикот за училишта на MKSafeNet.
Тема на активноста беше „Бојан на патот до безбеден интернет“, со цел учениците да стекнат практични знаења и вештини за безбедно користење на интернетот.

Во текот на работилницата учениците активно дискутираа и учествуваа во низа интересни активности преку кои се запознаа со:

  • разликата меѓу безбедни и небезбедни веб-страници,

  • начини за создавање силна лозинка,

  • совети за заштита на личните податоци,

  • безбедно користење на социјалните мрежи,

  • препознавање и справување со сајбер булинг,

  • како да препознаваат лажни информации и дезинформации на интернет.

На крајот од работилницата, учениците своето новостекнато знаење го проверија преку забавен квиз, со што на интересен начин ја заокружија активноста.

Со оваа иницијатива, нашето училиште уште еднаш покажа дека вложува во дигиталната писменост и безбедноста на учениците, подготвувајќи ги за одговорно и свесно користење на интернетот.

Коментари