62Shares

Прва работилница како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Овој проект се реализира втора учебна година во нашето училиште, како и претходната година и оваа учебна година започнуваме со едукативни работилници насочени кон развивање позитивна и безбедна училишна средина.

На 7.11.2025 год. (петок) учениците од нашето училиште – претставници во Ученичкиот парламент – успешно ја реализираа првата работилница во рамки на проектот , тие преку интересни активности, дискусии и тимска работа учеа за важноста на комуникација.

Нашата цел е да градиме култура на почит, разбирање и поддршка меѓу учениците, со што заедно придонесуваме кон создавање позитивна и безбедна училишна средина.

Коментари