15Shares

Почитувани родители/ученици,

Со задоволство ве известуваме дека оваа учебна година вашите ученици имаат можност да се приклучат во FIRST LEGO League (FLL) тимот на нашето училиште!

FLL е меѓународен натпревар во роботика, наука и иновации, каде учениците:

  • градат и програмираат LEGO роботи,
  • учествуваат во роботска игра,
  • истражуваат и осмислуваат иновативен проект,
  • работат во тим и презентираат пред судии.

Тимот ќе биде составен од околу 15 ученици од 5 до 9 одделение. Подготовките ќе се одржуваат минимум два пати неделно после 7 час, со дополнителни активности пред натпреварот, кој ќе се одржи во март.

Селекцијата за тимот ќе се врши преку краток прашалник, кој учениците ќе го пополнуваат во училиште. Пополнувањето е едноставно и ќе трае само неколку минути.

Заинтересираните ученици да се пријават најдоцна до вторник (18.11.25год.) кај одделенските раководители, кои потоа ќе го известат одговорниот тим за FLL.

Ве охрабруваме да го поддржите вашето дете во оваа возбудлива прилика за учење и тимска работа!
За оние кои нема да бидат избрани годинава, постои можност за приклучување и наредната година.

Со почит,

ООУ„Кочо Рацин“ Кратово

Коментари