38Shares

Книгата е извор на сите мудрости во животот

Октомври е месец кога низ целиот свет, преку различни форми и манифестации, се укажува на важноста на книгата и читањето, како важен фактор во личното самообразување на секој човек. „Месецот на книгата“ веќе традиционално се одбележува секоја година во периодот од 15 октомври до 15 ноември во училиштата и општините од државата со цел да се придонесе за популаризација на читањето меѓу учениците.

Во нашето училиште се реализираа повеќе ученички активности посветени на книгата, читањето и знаењето.

Книгите се најтивките и најпостојаните пријатели, тие се најдостапните и најмудрите советувачи, и најтрпеливите вистински учители за сите луѓе на светот. Со книгите сите сме заеднички сопственици на сите човечки достигнувања.

Книгите се човеково откритие што не прави зло, туку само добро. Доколку сакате да го запознаете богатството на знаењето, на мудроста, на човековите судбини и да ги најдете одговорите и на најтешките прашања, сето тоа ќе го најдете читајќи ги книгите. Тие нудат искуства, доживувања, пренесуваат пораки, убави зборови и прекрасни чувства.

Книгите се најсилното средство за споделување на добрините и на најважните морални сознанија и поуки.

Уживајте во прославувањето на „Месецот на книгата“ и ве очекуваме да споделите со нас дел од вашите впечатоци и искуства. Да растеме генерации на читатели. Да читаме и да ги прошируваме хоризонтите на знаењето. Книгата е прозорец кон светот. Знаењето е најубавата сила на човекот.

Читањето е радост!

Земи книга – отвори ја вратата кон светот на знаењето!

Коментари