Денес во нашето училиште го одбележавме овој значаен ден со едукативна и креативна работилница посветена на прифаќање, разбирање и поддршка.
Учениците заедно со наставникот од паралелката за деца со посебни потреби од училиштето преку работилница со низа активности учеа за емпатија, почитување на различностите и важноста на инклузивната средина. Исто така на овој значаен ден имавме можност и да ги посетиме децата од Дневниот престој со цел да им подариме внимание, дружење и поддршка.
Коментари
























