18Shares

По повод 22 декември патронен празник на училиштето
ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово се распишува

ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС НА ТЕМА

БЕЛИТЕ МУГРИ ВО СВЕТЛИНАТА НА ДЕНОТ

На литературниот и ликовниот конкурс може да учествуваат сите ученици од I до IX одделение од ООУ „Кочо Рацин“ Кратово и од подрачните училишта.

Литературните творби може да бидат напишани во кој било литературен род (лирика, епика или драма) односно:

  • Поетска творба
  • Прозен текст – есеј (есејот треба да содржи помеѓу 250 – 500 зборови)

Ликовните творби да бидат изработени во која било ликовна техника.

На творбата потребно е да бидат напишани следните податоци:

  • име и презиме на ученикот/чката
  • одделение во кое учи ученикот/чката

Сите литературни и ликовни творби треба да бидат предадени на наставниците по македонски јазик и ликовно образование до 16.12.2025 (вторник).

Најдобрите творби ќе бидат наградени од училиштето.

Избраните творби од литературниот и ликовниот дел ќе бидат објавени на нашата веб-страница и ФБ-профилот на училиштето и изложени во изложбениот простор на училишниот хол.

Општинско основно училиште „Кочо Рацин“ Кратово

Коментари