0Shares

По повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово реализираа активности со цел да го истакнат значењето на мајчиниот јазик како темел на идентитетот, културата и традицијата.

чениците од одделенска и предметна настава на часовите по македонски јазик учествуваа во литературни читања, рецитирање поезија од македонски автори, пишување творби на тема „Мојот мајчин јазик – моето богатство“, како и изработка на креативни хамери и постери со пораки за зачувување и негување на маjчинит јазик.

Во многу делови од светот, луѓето зборуваат на различни јазици, но, за жал, многу од нив се загрозени или исчезнуваат. Во денешниот глобализиран свет, многу јазици се загрозени од доминацијата на неколку глобални јазици. Децата сè почесто учат и користат други јазици, додека нивниот мајчин јазик останува во втор план. Со тоа се губи дел од нивниот културен идентитет.

Затоа, важно е да вложуваме напори за зачувување на мајчиниот јазик.

Светскиот ден на мајчиниот јазик е потсетник дека јазикот е повеќе од средство за комуникација – тој е наша историја, култура и идентитет. Затоа, наша должност е да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации.

Коментари