0Shares

ООУ Кочо Рацин, домаќин на јавната дебата за асистивна технологија. Благодарност до организаторите кои го избраа нашето училиште и се надеваме на успешна соработка во иднина

Во вторникот, на 31.03. 2026 година, во просториите на училиштето Кочо Рацин во Кратово, беше одржана јавна дебата со наслов „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“. За првпат во градот присутните имаа можност да се запознаат со асистивните алатки и да дискутираат за улогата и значењето на оваа моќна алатка. Дебатата поттикна интерес за учество на 40тина учесници, меѓу кои имаше и претставници од Пробиштип. Особено значајно беше учеството на лица со попреченост и претставници на нивните семејства. Освен за асистивната технологија, се отвори дискусија и за процеот на инклузија на лицата со попреченост во различните нивоа на образование и различните текови на општествено живеење.
Дебата е дел од проектот CORDIAL.
Проектот CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Actions and Legislation е финансиран од Европската Унија, а координиран од Caritas Srbije, во партнерство со: Caritas Bosne i Hercegovine, Caritas Kosova, Македонски Каритас, Caritas Crne Gore, Unija organizacija osoba s invaliditetom u BiH, CYA Krik, Forum mladih sa invaliditetom – Youth with Disabilities Forum и Caritas Italiana.
Коментари