0Shares

31 март се одбележува како Ден на македонското правосудство – ден кој нè потсетува на значењето на правдата, законитоста и еднаквоста пред законите. Овој ден има посебно место во нашето општество, бидејќи правосудниот систем е еден од темелите врз кои се гради демократска и праведна држава.

На 31 март 1945 година е донесена Повелбата на АСНОМ за устројството на редовните народни судови, односно за поставување на темелите на судството во Република Македонија.

По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, група ученици од четврто до деветто одделение го посетија Основниот суд во Кратово и остварија средба со претседателот на судот, Мирослав Георгиевски, кој им ги претстави просториите и начинот на функционирање на судот, како и работата на службите кои имаат за цел да им овозможат на граѓаните остварување на нивните права и пристап до правда.

Правдата не е само збор, туку вредност што треба да се почитува и да се применува секојдневно. Улогата на судиите, обвинителите и сите правни институции е да обезбедат законите да важат подеднакво за сите граѓани, без разлика на нивната положба, статус или моќ.

Им посакуваме успешна работа и кариера.

Коментари