0Shares

Денес 27.04.2026 во организација на ОСУС Куманово се одржа финалното VII мо коло од II сезона на Меѓуопштинска лига во Детска Атлетика

Овие натпревари се од тимски карактер каде се бодуваат најдобрите постигнувања во 7 дисциплини и тоа : спринт, издржливост, трчање преку пречки, собирање на маркери, фрлање ѓуле, скок во далечина од место, скок со една нога со собирање на топки.
Победници во овогодинешното II издание беа екипите – училишта :

ООУ,,11 Октомври”
ООУ,,Крсте Мисирков”
ООУ,,Кочо Рацин ” – Кратово
ООУ,,Вук Караџиќ”

Во овој проект од Лига Детска Атлетика во овие 7 кола учествуваа 14 основни училишта од кои 11 беа дел до последното коло, каде беше опфатена бројка од околу 800 ученици. Честитки до сите училишта учесници за нивното фер и коректно натпреварување во кое несомнено победник е другарството и убавите моменти на кои ке се сеќаваат.

Коментари