Во текот на вчерашниот ден го одбележавме Светски ден на книгата и авторското право во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово!
Учениците уживаа во читање омилени книги, рецитирање, креативно пишување и ликовни активности инспирирани од литературни дела.
Со љубов кон книгата, ја поттикнуваме имагинацијата, знаењето и критичкото размислување кај нашите ученици. 📖✨
Учениците од 9 одделение – Крилатица Со многу љубов и почит, ви го честитаат Светски ден на книгата – 23 Април! Книгата е свет што никогаш не згаснува, тивок глас што нè води и сила што нè прави подобри. Таа нè учи да сонуваме, да веруваме и да чекориме храбро кон иднината. Нека секоја страница ви биде ново патување, секој збор – нова инспирација, а секоја прочитана книга – чекор поблиску до успехот. Среќен нека е Денот на книгата! ![]()
![]()
#СветскиДенНаКнигата #ООУКочоРацин #Кратово #ЉубовКонКнигата



