Со многу радост, креативност и празничен дух, во дворот на нашето училиште се одржа Велигденскиот базар, на кој учениците од централното училиштe ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово ги изложија своите уникатни изработки.
Во пријатна и весела атмосфера, посетителите имаа можност да уживаат во рачно изработени украси, велигденски јајца и разновидни креативни дела, создадени со љубов и посветеност од страна на учениците и нивните наставници.
Базарот беше прекрасна можност за дружење, соработка и поттикнување на ученичката креативност, а насмевките и задоволството кај сите присутни беа најголемата награда.
Им благодариме на сите ученици, наставници и родители кои учествуваа и придонесоа за успешната реализација на овој настан.
🌼 Заедно создаваме убави спомени и ја негуваме традицијата!














































