0Shares

Во текот на оваа недела, учениците од централното ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово и од подрачните училишта учествуваа во креативни велигденски работилници по повод Велигден. 🐣🌸

Заедно со своите наставници, тие со голем ентузијазам и креативност се вклучија во различни активности – украсуваа велигденски јајца и изработуваа прекрасни рачни творби. Атмосферата беше исполнета со радост, насмевки и празничен дух.

Преку овие активности учениците ја развиваа својата креативност, тимска работа и љубов кон традицијата.

Им честитаме на сите учесници за вложениот труд и прекрасните изработки! 🌷

Коментари