И оваа година високи резултати на државниот натпревар по географија. Ученикот Андреј Давитковски од 8 одд. од подрачното училиште во с. Крилатица под менторство на наставничката Даниела Пешева освои 2 место на државниот натпревар. Нашето училиште како и секоја година е високо рангирано на натпреварите.
Честитки за Андреј нека го следат уште поголеми успеси!
Свеченото доделување на наградите за најдобрите ученици и нивните ментори се одржа на 27 мај 2026 година, во просториите на Универзитет Скопје, од страна на Здружение на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“.
Коментари





