0Shares

Во петок, на 22.05.2026 година, во Куманово се одржаа спортски натпревари на кои учествуваа и екипите од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово со училиштето ООУ „Магдалена Антова“

Нашите ученици покажаа извонредна игра, борбеност, дисциплина и тимски дух, постигнувајќи одличен резултат – 3 победи од 3 натпревари.

Успешни настапи имаа следните екипи:

Фудбал – ученици од VIII и IX одделение
Фудбал – ученици од VI и VII одделение
Одбојка – девојки

Со својата посветеност, спортско однесување и желба за победа, учениците уште еднаш докажаа дека трудот, упорноста и заедништвото секогаш носат резултати. Учениците заедно со менторот Борче Спиридонов достојно го претставија нашето училиште и градот Кратово, покажувајќи дека спортот не е само натпревар, туку и можност за градење пријателства, самодоверба и вистински вредности.

Честитки до сите ученици и менторот за постигнатиот успех.

Коментари