0Shares

На ден 13.05.2026 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, се одржа Државниот натпревар по Географија, на кој учество зедоа и ученици од нашето училиште.

Нашето училиште го претставуваа учениците:

Марија Христова – VI одделение
Елена Величковска – VII одделение
Андреј Давитковски – VIII одделение
Бојан Арсовски – IX одделение

Со своето знаење, посветеност и труд, учениците достојно го претставија училиштето и покажаа дека љубопитноста, дисциплината и континуираната работа секогаш носат убави резултати.

Особена чест и гордост за нашето училиште претставува успехот на ученикот Андреј Давитковски од VIII одделение, кој под менторство на наставничката Даниела Пешева, освои II место на Државниот натпревар по Географија, со освоени високи 97 поени.

Овој резултат е доказ за неговото одлично познавање на географијата, но и за вложениот труд, упорноста и успешната подготовка за натпреварот. Успехот на Андреј е гордост не само за него и неговиот ментор, туку и за целото училиште.

Им честитаме на сите ученици за учеството и вложениот труд, а на Андреј и неговиот ментор им упатуваме искрени честитки за постигнатиот извонреден резултат.

Браво за нашите ученици! Продолжете да чекорите храбро кон нови знаења, успеси и победи!

Коментари