0Shares

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово земаа учество на Плазма проектот, кој се одржа во Куманово, и со својата борбеност, дисциплина и љубов кон спортот остварија одлични резултати во мал фудбал.

Нашите ученици покажаа дека со труд, посветеност и тимски дух се постигнуваат големи успеси:

🏆 Освоено прво место во мал фудбал – генерација 2011 година и помали
🥈 Освоено второ место во мал фудбал – генерација 2015 година

Со својата игра, спортско однесување и желба за победа, учениците достојно го претставија нашето училиште и уште еднаш покажаа од каде доаѓаат – од училиште во кое се негуваат трудот, дисциплината, другарството и спортскиот дух.

Честитки до сите ученици за постигнатиот успех! Ви посакуваме уште многу победи, здравје, среќа и уште поголеми спортски достигнувања.

Браво дечки! Бидете живи и здрави – горди сме на вас!

🏆 Освоено прво место во мал фудбал

🥈 Освоено второ место во мал фудбал

 

Коментари