Плазма спортските игри за млади, како најголема аматерска спортска манифестација во Европа, за првпат се организира во Македонија. Караванот „Денови на спортот“, кој е дел од игрите за млади на 15.5.2026 беше во Куманово, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Владата и Министерството за спорт на Македонија.
Во спортската сала во Куманово, свечено беа отворени спортските игри за млади, како масовен спортски настан, со цел преку спортот да се обединат учениците, промовирајќи здрави животни навики, фер – плеј, пријателство и позитивни вредности.
Над 300 ученици од основни училишта од Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат на зонското првенство во мал фудбал, одбојка, ракомет, народна, баскет 3Х3, тенис, пинг – понг, шах, атлетика.
Нашите ученици го освоија првото место во футсал за ученици од 6-то до 9-то одделение. Додека нашата ученичка од IIIa одделение, Јана Христова освои 2 место на трката од 60 метри спринт.













