На одделенското првенство во фудбал, кое се одржа помеѓу учениците од 7., 8. и 9. одделение, беа постигнати одлични резултати и прикажана голема спортска борбеност.
🏆 1. место – учениците од 9а одделение
🥈 2. место – учениците од 8в одделение
🥉 3. место – учениците од 7б одделение
🎯 Најдобар стрелец на првенството беше ученикот Филип Трпковски од 9а одделение, со постигнати 13 гола.
🧤 Најдобар голман беше ученикот Михаил Спасовски од 8в одделение.
👏 За победниците беа доделени дипломи, а за најдобриот стрелец и најдобриот голман како награда беа доделени дресови на Македонија, донирани од www.dresovionline.com.
Честитки до сите учесници за фер-плеј играта, спортскиот дух и покажаната тимска соработка!
Коментари


















