0Shares

Почитувани ученици, родители и вработени,

пред нас е новата учебна 2026/2027 година. На 1.9.2026 год., започнува уште една година која ќе биде исполнета со нови знаења, предизвици, пријателства и можности за успех.

На нашите ученици им посакуваме со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, храбро да ги следат своите соништа и секојдневно да бидат подобра верзија од себе. На родителите им благодариме за довербата и поддршката, а на наставниците и сите вработени им посакуваме успешна, исполнета и мотивирачка година.

Ви посакуваме и оваа година нашето училиште да биде место каде што се учи со срце, се расте со знаење и се создаваат спомени за цел живот.

Среќен и успешен почеток на учебната 2026/2027 година!

Со почит, ООУ” Кочо Рацин” Кратово

Коментари