На 27 октомври 2026 година (вторник), во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, се одржа едукативна работилница во рамки на програмата „Училишта на 21 век“.
Наставниците Давид Крстевски, Маре Ангелова, Соња Додева, Ирена Трајкова, Марија Чочевска и Марија Крстевски го реализираа проектот „Паметен семафор и робот со примена на Micro:bit уреди“.
Учениците имаа можност преку практични активности да се запознаат со сообраќајните правила, безбедноста во сообраќајот и примената на современите технологии.
Преку симулација на сообраќај со автоматски семафор и роботско возило управувано со Micro:bit уреди, учениците на интересен и интерактивен начин ги поврзаа теоретските знаења со практичната примена на програмирањето и роботиката.
Целта на работилницата беше поттикнување на креативноста, логичкото размислување, тимската работа и развивањето дигитални вештини кај учениците.
Продолжуваме да создаваме можности за учење преку игра, истражување и примена на новите технологии!
#УчилиштаНа21Век #Microbit #Роботика #ПаметенСемафор #КочоРацин #Кратово #ДигиталниВештини

















