Претставници од нашето училиште зедоа учество на завршната конференција во рамките на проектот „Touch the Goal“, со што беше одбележан успешниот завршеток на проектните активности и постигнатите резултати. Во знак на благодарност за успешната соработка и придонесот во реализацијата на проектот, директорката на ОУРЦ Иднина Лорета Андреевска врачи плакета на ООУ,,Кочо Рацин” Кратово како симбол на признание, почит и партнерство.
Наставниците по физичко и здравствено образование Борче Спиридонов и Кристина М. Кузманоска добија сертификати за успешно завршена обука, стекнувајќи нови знаења, вештини и искуства кои ќе придонесат за унапредување на наставниот процес. Како училиште имавме посебна чест што нашата колешка Кристина М. Кузманоска беше учесник на панел дискусијата каде што ги пренесе своите искуства и предизвици од работата. Посебна и искрена благодарност упатуваме до образовните асистенти, кои со својата посветеност, поддршка, трпение и несебично залагање имаат исклучително важна улога во вклучувањето на секој ученик во образовниот процес.
Нивниот придонес е од непроценливо значење за создавање инклузивна, поддржувачка и мотивирачка средина. Ова учество претставува уште едно поглавје плус во професионалниот развој на наставниците по ФЗО, отворајќи нови можности за примена на современи методи на работa.
Заедно градиме инклузивно образование, еднакви можности и подобра иднина за секое дете!








