31Shares

Во рамки на Еразмус+ проектот „Биди Безбеден“, во периодот од 22 до 24 март, 2022 година, се одржа тридневна онлајн мобилност, организирана од страна на партнер училиштето од Финска. Одлуката за оваа мобилност да биде онлајн, наместо со физичко присуство, беше интерна одлука на училиштето од Финска, поради се уште актуелната пандемија со корона вирусот.

 

Од нашето училиште учествуваа шест (6) ученици, кои се пријавија за учество преку онлајн формулар: Јована Ѓорѓиевска, Теона Лазаревска, Матеа Додева, Мила Пешевска, Леон Младеновски и Наум Досев. Ментор наставници беа Кристина Цонкинска, Мирјана Манева-Арсовска и Даниел Тодоровски.

 

Во текот на првиот ден (22.03.2022 год.), после обраќањето на координаторот од финското училиште, помошник директорот во финското училиште презентираше за образовниот систем во Финска, што е карактеристично и како изгледа истиот. Потоа учениците од сите партнер училишта презентираа за она што го сработиле во своето училиште од последната мобилност во С.Македонија до сега, односно во последните неколку месеци. Прво презентираа анти-булинг групите а потоа и групите за лажни вести. 

 

Во текот на вториот ден (23.03.2022 год.), учесниците имаа час по фински јазик, односно кратка презентација од страна на финските ученици за вообичаени изрази на фински јазик, по што следуваше Кахут квиз на истата тема. Во вториот дел од средбата, учениците беа поделени во 6 подгрупи (3 подгрупи за анти-булинг и 3 групи за лажни вести), и почнаа да работат на своите задачи за тој ден.

 

Третиот ден (24.03.2022 год.) во краткото обраќање на координаторот од Финска, на учениците им беше објаснета уште еднаш програмата за тој ден. Потоа учениците, секој во својата подгрупа, ги довршија задачите од претходниот ден а потоа продолжија со работа на проектните резултати од овие средби, односно насоки за превенција на булинг во училиштата и насоки за намалување на штетните ефекти од лажните вести врз здравјето на учениците. Откако учениците завршија со нивните задачи, секоја група го презентираше сработеното. 

На крајот на оваа тридневна онлајн мобилност завршен збор имаше Координаторот на проектот од Романија, Кристина Андреи. Таа им се заблагодари на сите учесници за успешната работа, ги потсети на следните активности од проектот и посака да се сретнеме во живо, секој што е во можност, на следната предвидена мобилност во Луксембург, во април, 2022 година.

Коментари

Leave a Reply