0Shares

На ден 17.10.2023 година од страна на наставниците по предметот Биологија, Нина Манева и  Географија, Даниела Пешева, беше организирана посета во „Ботаничката градина“ при Природно-Математичкиот факултет во Скопје со дел од  учениците од IX при ООУ„Кочо Рацин“ – Кратово, од централното и подрачното  училиште Крилатица. Присуствувавме на тема „Размножување на растенијата“, која беше организирна од страна на Мрежа на искуствено учење.

  • Учениците ги подредуваат растителните видови во соодветната систематска група;
  • Учесниците разликуваат процеси на полово и бесполово размножување;
  • Учесниците прават разлика помеѓу гаметофитната и спорофитната генерација кај пониско организираните растенија;
  • Учесниците ги распознаваат деловите на цветот и ги објаснуваат нивните функции;
  • Учесниците ги разграничуваат поимите опрашување, оплодување, ‘ртење, животен циклус;
  • Учесниците прават разлика помеѓу различните типови на соцветија и плодови кај цветните растенија.

Учениците тргнаа од автобуската станица во Кратово во 08:00 часот, каде бевме пречекани во Ботаничката градина, после работилницата го посетивме трговскиот центар East Gate  и се вративме  во автобуската станица во 17:00 часот во Кратово.

Одговорни наставници

Нина Манева Даниела Пешева

 

Коментари

Leave a Reply