[fblike]

Видео од презентацијата на Црвениот крст за развивање на свесноста за поимот активно граѓанство и да се биде волонтер и тоа не каков било волонтер, туку волонтер на Црвениот крст!

Имавме двајца активни и искусни волонтери на Црвениот крст кои дојдоа во нашето училиште и ни ги презентираа своите почетоци, нивната работа и активности…

Научивме за некои од нивните настани за собирање средства кои им помогнале на многу луѓе на кои им биле потребни, нивните врснички обуки и работилници на важни теми за нас, нивните кампови за развој на вештини и размени кои исто така се можност да се запознаат нови луѓе и долготрајни пријателства!

Не уверија дека чувството да се помогне на некој што има потреба без да се очекува нешто за возврат е бесценето и може да се почувствува само кога ќе станеме ЕДЕН ОД НИВ! Така да, следниот пат, што ќе биде наскоро, официјално ќе го направиме тимот на Црвениот крст на нашето училиште и ќе станеме волонтери на Црвениот крст од Кратово!

 

 

[fblike]

Напишете коментар