Почитувани,
Како што е општо познато, поради новонастанатата ситуација со вирусот КОВИД 19 и прогласувањето пандемија од светски рамки, како и поради воведувањето вонредна состојба во нашата држава, која предизвика и прекин на работата во основните училишните во втората половина на учебната 2019/2020 година, дојде и до прекин на работата на Редакција „Детска радост“ при ПРОСВЕТНО ДЕЛО, односно, се прекина процесот на издавање на списанијата за деца РОСИЦА, ДРУГАРЧЕ, РАЗВИГОР И НАШ СВЕТ според претходно утврдената динамика за минатата учебна година.
Со ова писмо, сакаме да Ве известиме дека ќе продолжиме со дистрибуција на горенаведените списанија во оној момент кога ќе го добиеме потребното решение за употреба на горенаведените списанија во основните училишта од страна на МОН за учебната 2020/2021 година. Процедурата е во тек, и очекуваме да биде завршена во краток временски рок, за што ќе бидете навремено информирани.
Затоа, сакаме да Ве замолиме да ги информирате наставниците и родителите дека ќе продолжиме со дистрибуцијата на списанијата за деца РОСИЦА, ДРУГАРЧЕ, РАЗВИГОР И НАШ СВЕТ по добивањето на потребната согласност од страна МОН, а при доставувањето на новите уплатници, ќе биде одземена сумата за уплата за списанијата што не беа дистрибуирани во минатата учебна година од веќе наведените причини.
Долгогодишната соработка и заемната доверба и овој пат ќе бидат целосно испочитувани во согласност со дадените можности и услови, при што строго ќе се води грижа никој да не биде оштетен.
Ви благодариме на довербата, разбирањето и соработката.
Со почит,
Редакција „Детска радост“,
ПРОСВЕТНО ДЕЛО, Скопје