0Shares

       Општинско основно училиште ,, Кочо Рацин ,, Кратово  врз основа на член 59, 60, 61, 62  од Законот за основно образование ,,Сл.весник на РСМ,, бр. 161/19  ), ги известува сите граѓани на Општина Кратово дека ќе врши  запишување на деца во задолжително прво одделение во учебната 2021/22 година , почнувајќи од 01.05.2021 година .

Во задолжително прво одделение ќе се запишуваат деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години поточно, деца родени од 01.01.2015 година до 31.12.2015 година ПО исклучок и  деца родени до 31.01.2016 година по претходно Барање на родителот, а врз основа на претходно Мислење добиено од стручен соработник педагог или психолог во училиштето.

За запишување на децата во прво одделение потребно е :

  1. Извод од Матична книга на родените ( оригинал или фотокопија заверена на нотар );
  2. Лична карта од родител/старател на увид
  3. Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа;
  4. Потврда за офталмолошки преглед издадена од надлежна  здравствена установа;
  5. Потврда за стоматолошки преглед издадена од надлежна  здравствена установа;
  6. За деца со попреченост Мислење / функционален профил од комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена подршка според МКФ.
  7. Присуство на еден од родителите;

 

Запишувањето ќе се врши во просториите на училиштето ООУ ,, Кочо Рацин ,,  Кратово ( ул. ,,Михајло Апостолски ,, бр. 11 ) , во текот на месец МАЈ , секој работен ден  од 9,00 до  13,00 часот.

Запишувањето може да се врши со електронска пријава на услугата www.uslugi.gov.mk  ,  или на училишниот мејл [email protected] или со физичка пријава во просториите  на училиштето

Пријавата може да ја симнете  од веб страната на училиштето или да ја добиете во  просториите на училиштето.

За потребни дополнителни информации контактирајте не на следниот телефонски број    031 481 118    или     071 255 020

       Напоменуваме дека запишувањето ќе се врши според горе наведениот  законски рок  – поточно до 31.05.2021 година  согласно Протоколот за запишување на деца во прво одделение и почитување на мерките и препораките за заштита од Ковид-19

Коментари

Leave a Reply