[fblike]

 

 

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, под менторство на наставникот Даниел Тодоровски зедоа учество во проектот „Сајбер безбедност и заштита за стари лица и тинејџери“ организиран од страна на здружението Подготвеност за Европа, поддржан од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Подготвеност за Европа

Веб страна: https://re2020.org.mk/mk/

ФБ профил: https://www.facebook.com/ReadinessForEurope

Учениците преку своите ментори имаа можност да се запознаат со  темите за безбедна работа на интернет, превенција и заштита од сајбер криминал и злоупотреба на лични податоци, преку едукативната игра „Сајбер Лило“.

„Сајбер Лило“ е едукативна онлајн игра наменета за тинејџерите на возраст од 12 до 18 години.
Целта на играта е тинејџерите да научат како да ги идентификуваат главните ризици и закани при
онлајн комуникацијата и како да ги спречат или да се справат со нив доколку се случат.

Преку игра и на забавен начин учениците ќе можат полесно и со поголем интерес да ја совладаат
темата  – Сајбер безбедност и заштита.
Учениците најчесто комуницираат преку социјалните мрежи и дигиталните апликации и на тој
начин се соочуваат со интернет закани. Следствено на зголемената опасност и ризици во
дигиталниот свет се јавува и потребата од продлабочени знаења на овие теми.

https://re2020.org.mk/mk/edukativnata-igra-sajber-lilo-e-tuka/

Врз основа на направена анализа на добри пракси кои се применуваат во регионот и пошироко, утврдено е дека учениците на овој начин
полесно ќе ги совладаат темите за сајбер безбедност и заштита.

Учениците кои што учествуваа во едукативната игра Сајбер Лило, ќе им бидат дадени Пофалници за учество и стекнување на знаење од областа на сајбер безбедност, од страна на здружението Подготевеност за Европа. Најдобрите ученици кои што освоија најмногу поени од играта ќе бидат наградени.

За играта Сајбер Лило, за која учениците покажаа голем интерес и нивното знаење за сајбер безбедност се подобри, во тек е изработка на верзија 2 која сме во очекување да биде поставена на Play Store.

Новата верзија ќе биде збогатена со дополнителни прашања на темите, кои ќе бидат предизвик и нова можност за учениците да научат повеќе како да се заштитат на интернет.

[fblike]

Напишете коментар