[fblike]

Новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта, започна со физичко присуство и посебни здравствени протоколи.

На ученици од 1-во одделение им беа поделени маици со логото на ООУ “Кочо Рацин” – Кратово од страна на директорката Маринја Бојковска, како и прибор од страна на град Кратово.

На сите ученици, пред се на првачињата им посакуваме топло добредојде во новата учебна година, успешно влегување во образовниот процес и стекнување со желба за учење на нови работи и многу знаења.

[fblike]