КОНКУРС ЗА ЛИТЕРАТУРНИ И ЛИКОВНИ ТВОРБИ

Здружението за инклузија, креативност и иницијативи Интеракција плус од Скопје распишува Конкурс за литературни и ликовни творби на тема: “Културното наследство е најголемото богатство”.

На Конкурсот можат да учествуваат деца и ученици од градинките, основните и средните училишта. Секој учесник може да испрати еден свој цртеж или една своја песна, или и цртеж и песна, но не повеќе од тоа. Творбите треба да бидат потпишани со име и презиме, домашна адреса или адреса на градинката или училиштето и задолжително годините на возраста на детето или ученикот.

Сите литературни творби (песни и раскази) и ликовни творби (цртежи) ќе бидат поделени во три категории: градинки, основни училишта и средни училишта и ќе бидат доделени награди во книги за најдобрите.

Творбите треба да се испраќаат електронски на следниов мејл:

info@interakcijaplus.mk

Рокот е до 5 мај 2022 година.

Ви благодариме за учеството на Конкурсот.

Напишете коментар