[fblike]

Едукативен центар „Алгоритам центар“ организира натпревар по информатика за учениците од VI, VII, VIII и IX одделение. Право на учество имаат ученици од сите основни училишта во Република Северна Македонија.

Во натпреварот ќе биде опфатени теми од наставните програми по информатика за основно образование:

  • Основни поими во информатика;
  • Делови на компјутерот;
  • Безбедност на интернет;
  • Word;
  • Excel;
  • Power Point;
  • Основи на програмирање;

Натпреварувањето ќе се одржи online на наша платформа за тестирање, а најдобрите ученици ќе бидат селектирани и ќе поминат во вториот круг на тестирање со физичко присуство.

За сите пријавени учесници ќе се одржат 3 online подготвителни часа во текот на месец мај. Сите учесници ќе добијат електронски сертификати за учество.


Пријавувањето се врши преку мејл адресата [email protected] со следните податоци:

  • Име и презиме на ученик;
  • Мејл од ученикот;
  • Училиште и одделение;
  • Име и презиме на родителот;
  • Мејл од родителот;
  • Телефонски број од родителот;
  • Потврда за уплата на котизација од 100,00 денари (уплатата може да биде извршена електронски);

Податоци за уплата:

  •     Име на примач: Едукативен центар Алгоритам;
  •     Банка на примач: Комерцијална банка;
  •     Цел на дознака: За натпревар информатика;
  •    Жиро-сметка:  300000001009418;

Рок на пријавување:

25 април 2022 година

Датум на одржување на натпреварот:

16 мај 2022 година


Контакт за дополнителни информации:

проф. Павлина Бучевска

076/339-428

[email protected]

[fblike]

Напишете коментар