[fblike]

    ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Се известуваат учениците од шесто до деветто одделение при ООУ „Кочо Рацин“-Кратово, дека пријавувањето за учество во новиот Еразмус+ проект „ЛИСТОВИ“ е преку следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd08ke2tDQTciQzfeTXrGK4K7Ysjx8ycIgCa1SPkbHD9W19zg/viewform?fbclid=IwAR3OHWP389MbmZvVKEMzMqs3xg1bqzA7xjycmcJAWpuLmX2Ryfe6Rca07LI

 

Пријавувањето е до 12.10.2022 година (среда) а од пријавените ќе бидат избрани 20 ученици кои директно ќе земат учество во проектот. Учениците ќе бидат избрани според следниве критериуми:

 

-Ученикот досега нема учествувано во Еразмус+ проект во нашето училиште;

-Ученикот има прикачено предлог-лого за проектот, во Пријавата ( или го има доставено своето лого кај наставничката Кристина Цонкинска);

-Ученикот е солиден ученик и добро го владее англискиот јазик;

-Ученикот е согласен да прими ученик-гостин во својот дом кога ќе биде мобилноста во нашето училиште.

 

Напомена: Избраните ученици не мора да ги исполнуваат сите критериуми, но ќе имаат предност учениците кои ги исполнуваат сите четири критериуми. 

[fblike]

Напишете коментар