[fblike]

 

На ден 07.10.2022 година (петок) во 12:15 часот, во просториите на нашето училиште, се одржа презентација за новиот Еразмус+ проект насловен „ЛИСТОВИ“ (LEAVES- Learning about Environment, Activism, Volunteering in Educational Schemes). 

 

На состанокот присуствуваа 50 ученици од шесто до деветто одделение, кои дознаа повеќе за целите на овој проект и кој е начинот за пријавување за учество во истиот. 

 

Првата проектна активност за учениците од овој проект е креирање на лого за проектот, нацртано на хартија или во електронска форма, и прикачување на истото во Пријавата за учество во проектот, или доставување на логото кај наставничката Кристина Цонкинска, која е проектен координатор. 

 

Главната цел на овој проект е да ја рашири идејата за волонтерство и подигање на свеста за заштита на животната средина. Прашањата на кои нашите „волонтерски тимови“ ќе работат, се глобални: идејата за одржливост, зелените предизвици, здравиот начин на живот, спортот и взаемната помош во општините.

 

Партнер земји во овој проект се: Словачка, Полска, Германија, Кипар, Португалија и С.Македонија.

[fblike]

Напишете коментар