Во рамки на Еразмус+ проектот „ЛИСТОВИ“, во периодот од 21 до 25 ноември, 2022 година, во партнерското училиште од Краловски Хлмец, Словачка, се одржа првата мобилност со физичко присуство на учесниците од овој проект.

Учесници беа четири (4) ученици  од нашето училиште и наставничката Кристина Цонкинска, која е проектен координатор, како и наставници и ученици од Словачка, Германија, Португалија, Полска и Кипар.

Темата што учесниците во проектот ја работеа оваа недела беше „Биди зелен“, а учениците преку различни активности учеа за начини на заштита на животната средина.

20.11.2022 година- Вечерта, македонскиот тим пристигна на аеродромот во Будимпешта, а потоа, заедно со тимовите од уште 3 партнерски училишта, се упативме кон градчето Краловски Хлмец. Кога стигнавме во местото, учениците отидоа во фамилиите- домаќини, а наставниците се сместивме во хотел.

21.11.2022 год.- Првиот ден од работната недела, учесниците имаа разглед на партнерското училиште. Потоа,имаа активности за подобро запознавање на учесниците. После паузата, учениците и наставниците беа поделени во 9 интернационални групи и имаа задача преку бура на идеи да споделуваат идеи и да направат план за тоа како ќе ги завршат задачите во својата група. 

22.11.2022 год.- Вториот ден, учесниците почнаа да ги извршуваат задачите во своите групи. После паузата, се упативме кон имотот на една фамилија, кои што ни покажаа како тие живеат на „еко-пријателски“ начин. 

Наставниците имаа состанок на кој се дикутираа некои прашања околу имплементација и менаџирање на проектот.

23.11.2022 година- Третиот ден учесниците имаа посета на еко центарот СОСНА, каде што имавме презентација за промена на начинот на кој живееме и на ставот кон животната средина и климатските промени. 

Потоа, продолживме кон Кошице, каде што имавме слободно време за разглед на градот. 

24.11.2022 година- Четвртиот ден, учениците продолжија со работа во своите групи. После паузата, имавме прием кај градоначалникот на Краловски Хлмец.

Во попладневните часови, наставниците го посетија замокот Ракоци во Борша. 

25.11.2022 година- Последниот ден, учесниците ги завршуваа своите задачи. Потоа следуваше презентација на сите 9 групи за тоа што сработиле во текот на неделата, пред останатите учесници и други ученици од училиштето. 

Вечерта, тие уште еднаш презентираа пред присутните родители, со што започна официјалната завршна вечера, на која имавме можност да пробаме традиционални словачки јадења. 

Во ноќните часови, се упативме кон аеродромот во Будимпешта, и во Македонија се вративме наредниот ден, во вечерните часови.

Преку овие активности сите учесници ги прошираа своите знаења во врска со начини на заштита на животната средина, ја развиваа нивната креативност преку извршување на различни задачи, ги усовршија нивните дигитални и комуникациски вештини, го подобрија нивниот англиски јазик и научија за други култури. Ова беше едно убаво искуство за сите учесници.

Следната мобилност од овој проект ќе биде од 24 до 28 април, 2023 година во нашето училиште. 

Наставник ментор:

Кристина Цонкинска ………………………………………..          

Марина Бојковска ……………………………………………….

 

Напишете коментар