[fblike]

Како еден од главните проектни резултати од новиот проект во нашето училиште, ќе биде јутјуб каналот Erasmus+ LEAVES, каде што ќе бидат објавувани интересни видеа на теми поврзани со проектот, креирани од учесниците во овој проект. Од денес, и во наредните дваесеттина дена, секој ден, ќе биде објавувано по едно видео, вкупно 24, кои беа осмислени и делумно креирани за време на првата мобилност од овој проект, која се реализираше од 21 до 25 ноември, 2022 година, во градчето Краловски Хлмец, во Словачка. Темата на првото видео е следната: „Не купувај подарок, биди подарок“. Целта е да се промовира идејата за подарување нематеријални нешта за Божиќ, и на тој начин да се купуваат помалку или воопшто да не се купуваат непотребни нешта а така и да помогнеме во заштита на животната средина. Во продолжение линкот до каналот: https://www.youtube.com/@erasmusleaves

[fblike]

Напишете коментар