[fblike]

Во рамки на Еразмус+ проектот „Учиме англиски јазик преку драма и игри“, во периодот од 07 до 11 ноември, 2022 година, во нашето училиште, се одржа третата мобилност со физичко присуство на учесниците од овој проект.

Учесници беа шеснаесет (16) ученици  од нашето училиште, како и шеснаесет (16) ученици, шест наставници и двајца директори од Турција, Романија и Литванија.

Темата што учесниците во проектот ја работеа оваа недела беше „Спомени“, а учениците преку игри и драма ги вежбаа минатите времиња и неправилните глаголи во англискиот јазик.

Учениците во интернационални групи имаа задача да преработат познати легенди од петте партнерски земји во овој проект, и да напишат кратки драми за истите легенди, кои потоа ги глумеа пред останатите учесници. 

Наставниците пак, им презентираа на учениците и пред колегите од другите земји,  интересни игри и активности преку кои полесно можат да ги учат и предаваат минатите времиња во англискиот јазик.

Во текот на работната недела, учесниците имаа тура низ Кратово со туристички водич, ги посетија кањонот Матка и Скопје, како и Камените кукли. 

Следната мобилност од овој проект е предвидена да се случи во март, 2023 година, во Литванија. 

[fblike]

Напишете коментар