[fblike]

ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово го прослави својот патронат за учебната 2022/2023 година.

Во училиштето се одбележаа неколку спортски активности и литературен и ликовен конкурс, како и приредба подготвена уод учениците и наставниците со музички и драмски творби по повод  патрониот празник 22 декември, кога го празнуваме денот на раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин.

Доделени беа награди за ликовните и литературните творби, читање на наградените литературни творби, пофалници за наградените ученици од државните и регионалните натпревари и краток говор и честитка директорката на училиштето Марина Бојковска.

Наградените ученици кои учествуваа на ликовниот и литературниот конкурс ќе се објават тука заедно со сите учесници. Воедно ќе можете да ја разгледате и изложбата на ликовни и литературни творби.

Избраните творби од страна на училишната комисија беа наградени и ќе бидат објавени на нашата веб страна и на фб профилот на училиштето како и во изложбениот простор на училишниот хол.

Погледнете дел од атмосверата, доловена преку фотографии.

[fblike]

Напишете коментар