[fblike]

Почитувани,

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден на ден 13.04.2023г. во 11:30ч. (четврток) се одржа велигденски базар каде учениците од секое одделение ги презентираа и продаваа своите креативни изработки.

Учениците имаа изработено најразлични креативни изработки од присодни и ЕКО материјали, декорација на велигденски јајца и декорација на колачи. Посетеноста на настанот беше голема и сите изработки беа распродадени што е дополнителна мотивација за самите ученици.

Велигденскиот базар беше и  со натпреварувачки карактер, каде што се доделија неколку награди како што се:

  • Награда за најубаво декориран штанд
  1. VIII одд.
  • Награда за најубаво декорирано јајце
  1. Ивона Арсова IVв одд.
  • Награда за најубаво декорирани колачи
  1. Ана Марија Младенова IIIб. одд
  • 3 (три) награди за најубава велигденска изработка
  1. Ивона Лампевска и Теодор Спиридонов IIа одд.
  2. Ангела Николовска VIIа одд.
  3. Матеа Лампевска Vб одд.

Освен овие награди, на самиот базар се организираше натпревар во најцврсто јајце, каде што учениците се натпреваруваа во кршење на вечигденски јајца. Наградени се два ученика во две категории:

  • од 1-5 одд. – Галена Цветковиќ IVб одд.
  • од 6-9 одд. – Кристијан Јовановски IXв одд.

Водител на настанот беше ученичката од IXa одд. Елена Николова

Галерија:

[fblike]

Напишете коментар