На ден 22 мај (четврток) се изведе еднодневна екскурзија со учениците од прво и второ одделение на релација Кратово – Злетово – Лесново – Пробиштип – Кратово.
Воспитно – образовни цели и задачи на изведената екскурзија:
– Запознавање со културно-историското наследство и развивање позитивен однос кон националните, културните, верските и естетските вредности кои не опкружуваат;
– Запознавање со занаетчиство (грнчарство) и со процесот на изработка на глинени садови;
– Запознавање со природните убавини и развивање позитивен однос кон животната средина;
– Развивање на другарство, меѓусебно почитување и социјализација на учениците;
– Развивање на чувството за одговорност, свесна дисциплина;
– Рекреација и развивање на спортскиот дух.
Учениците заедно со одговорните наставници, тргнаа во 8:00 часот од Кратово. Првин го посетивме с.Злетово, поточно грнчарска работилница, каде учениците се запознаа со грнчарскиот занает, ја гледаа изработката на глинени садови и нивно декорирање. Секој ученик имаше можност да си купи глинен сад. Потоа се упативме во с.Лесново каде го посетивме манастирот Св. Гаврил Лесновски. Таму ни се обрати свештено лице и не запозна со историјата на манастирот и житието на Св.Гаврил Лесновски. По посетата учениците имаа одмор за ручек во близина на манастирот, во природа. Потоа го посетивме Пробиштип каде учениците имаа слободно време да прошетаат низ центарот на градот. Во Кратово се вративме во попладневните часови.






















































