49Shares

На ден 03.06.2025 година, ООУ Кочо Рацин од 3-то до 6-то одделение го одбележаа 3 Јуни, Светскиот ден на велосипедот.

Наставникот по ФЗО, Далибор Трајчев подготви полигон за љубителите на велосипеди, а се разговараше за опремата која треба велосипедистите да ја поседуваат, нивната физичка подготвеност, како и за вело културата воопшто.

Посебен акцент беше ставен на развивањето на еколошката свест кај учениците и на огромната важност за замена на возилото со велосипед, таму каде што тоа е можно.

Коментари