0Shares

Како дел од Еразмус+ проектот „ЛИСТОВИ“, нашето училиште набави дрон за снимање на професионални видеа и на ден 20.08.2025 година (среда), се оддржа практична обука за заинтересираните наставници за правилна употреба на дронот. Обуката ја водеше Константин Митевски, кој што е професионалец во неговата област и кој што практично им ги објасни на наставниците функционалностите на дронот, негова употреба и корисни совети. 

Во продолжение можете да погледнете фотографии и видеа од оддржаната обука.

Коментари