Во организација на Општинска организација Црвен крст Куманово и Црвен крст Пробиштип, во период од 14 до 17 август 2025 година во основното подрачно училиште ,,Христијан Карпош” во с. Пелинце се одржа летен младински камп на кој присуствуваа 50 волонтери ,меѓу кои учествуваа и Божидар Златковски , Стефани Анчевска и Јана Тодоровска – волонтери од Училштен клуб на Црвен крст при ООУ “ Кочо Рацин “ -Кратово .
Кампот беше на тема „,Млади за хуманост и одржлива иднина“ и истиот имаше за цел зајакнување на соработка помеѓу општинските организации, надоградба на волонтерските капацитети преку едукативни работилници и предавања по прва помош и реалистично прикажување на повреди и рани.
На кампот покрај волонтери од Општинска организација на Црвен крст Куманово и Пробиштип , присуствуваа и волонтери од Општинска организација на Црвен крст Битола, Црвен крст Радовиш и Црвен крст Кочани.
Дополнително, кампот беше збогатен со интересна работилница на ,,Youth Association Kreator”.
Од страна на ,,Креатор” се одржа кратко предавање за рурално волонтерство и се реализираше интерактивна работилница за волонтерство и младински активизам во рурални средини, што предизвика голем интерес кај младите.
