Гордост е кога наставникот остава трага не само во училницата, туку и во литературата.
Со особена чест и искрена радост ѝ честитаме на нашата наставничка по македонски јазик, Радица Таскова, за успешната промоција на нејзината прва поетска книга „Лузни што зборуваат“. Книгата, која зборува за болката, надежта и силата на човековиот дух, доби високи оценки преку рецензиите на проф. д-р Венко Андоновски и проф. и лектор Марија Лозановска, што претставува големо признание за авторката и нејзиното творештво.
Особено сме горди што дел од оваа прекрасна книжевна вечер беа и нашите ученички Марија Христова и Ивона Георгиевска од VI-а одделение, кои со искрена емоција и достоинство читаа песни од книгата, збогатувајќи ја промоцијата со својата љубов кон пишаниот збор.
На нашата колешка ѝ посакуваме ова да биде само почеток на едно долго и успешно литературно патување. Нека нејзините стихови продолжат да допираат до срцата на читателите и да бидат инспирација за многу генерации.
Од срце честитки и уште многу успеси! ![]()

















