[fblike]

Уште еден успех на учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово. По постигнатите добри резултати на регионалните натпревари по Биологија и пласманот на Државниот натпревар одржан на 21.05.2022 год. во Скопје, на Државниот натпревар по биологија кој се одржа на Биолошкиот Факултет во Скопје, зедоа учество 3 (три) ученици од нашето училиште и сите се вратија со награди:

  • Андреј Георгиевски – 7 одд. – трета награда
  • Симона Милановска – 8 одд. – трета награда
  • Теодор Нацев –  8 одд. – трета награда

Успехот е дотолку поголем ако се знае дека овие натпревари по биологија се едни од најмасовните натпревари односно еден од натпреварите со најмногу натпреварувачи.

На натпреварот зедоа учество над 5000 ученици поминувајќи ги општинскиот, регионалниот и државниот натпревар.

Честитки за наградените и само успеси понатаму.

[fblike]

Напишете коментар