[fblike]

Почитувани,

Со задоволство сакаме да Ве поканиме на Дигитален саем за средно стручно образование 2.0, кој ќе се одржи на 31 мај, 2022 година од 10:30 часот. Настанот е организиран од проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Целта на настанот е промоција на средното стручно образование како остварлива можност за кариера. За време на настанот учениците од деветто одделение од сите основни училишта низ државата ќе имаат можност да се запознаат со можностите за различни стручни образовни профили во средните стручни училишта, како и да слушнат успешни примери за соработка со бизнис секторот.

Согласно претходното известување за Дигиталниот Саем за средно стручно образование за промоција на средното стручно образование во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“, би сакале да ве известиме дека Дигиталниот саем за средно стручно образование 2.0 ќе се реализира преку платформата Zoom на 31.05.2022 година (вторник) со почеток во 10:30 часот.

Со вклучување на линкот подолу https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_Rj391Ja7THio7LWQ4Z96Lw

Webinar Registration – Zoom

us06web.zoom.us

Сите деветти одделенија од сите основни училишта во Република Северна Македонија треба да се проследат Дигиталниот Саем, во времетраење од 2 часа.

Како и минатата година, основните училишта треба да користат смарт табли, големи монитори, проектори или други достапни технички помагала кои ќе овозможат следење на дигиталниот саем во рамки на едно одделение (20-30) ученици.

Имајќи во предвид дека терминот за следење на дигиталниот саем е 10:30 часот во вторник, им препорачуваме на сите основни училишта да го организираат следењето на Дигиталниот Саем во рамки на две смени.

Имено, деветоодделенците кои посетуваат настава во:

  • прва смена, треба да го следат настанот во живо (10:30 часот) преку линкот на Zoom:https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_Rj391Ja7THio7LWQ4Z96Lw
  • втора смена, треба да го проследат настанот, снимам и аплодиран на каналот на Е4Е@мк https://www.youtube.com/channel/UCArZbnyfftcyI3gKAMVSKCA/featured во периодот од 13:30 до 16:00 часот на 31.05.2022.Дигиталниот саем за средно стручно образование 2.0 има за цел да промовира поголем број на струки кои се дел од Конкурсот за упис во средно образование 2022/2023, со учество на компании кои овозможуваат практична обука на ученици, како и споделување на искуства од страна на средношколци кои веќе посетуваат практична обука во компанија.

Со почит,

Министерство за образование и наука

[fblike]

Напишете коментар