[fblike]

На ден 27.05 и  30.05. 2022 година, во просториите на нашето училиште беа доделени Европас сертификатите на учениците кои зедоа учество во мобилностите во Италија и Турција од Еразмус+ проектот „Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ и хибридната мобилност организирана од партнерското училиште од Луксембург, како дел од Еразмус+ проектот „Биди Безбеден“. На средбата во понеделникот, беа доделени и сертификатите за учество на ученици во онлајн мобилноста организирана од партнерското училиште од Финска.  Покрај сертификатите, учесниците добија и подароци за нивното активно учество во овие проектни активности. 

Европас сертификатите се документи кои на едноставен и разбирлив начин покажуваат со какви вештини и компетенции се стекнале учесниците во некоја Еразмус мобилност, и ќе ги красат кратките биографии на нашите ученици во иднина.

[fblike]

Напишете коментар