[fblike]

 

Чест и задоволство ни е што како училиште бевме домаќин на промоцијата на книгата „Шепотот на вистината“ на нашата талентирана ученичка Елена Николова.

На 3.6.2022 година во 18часот во холот на ООУ ,,Кочо Рацин,, Кратово Елена Николова преку јавна културна манифестација ја промовираше својата прва книга „Шепотот на вистината“ со огромен успех. На настанот земаа учество многу соученици кои рецитираат дел од творештвото од книгата.

Публиката беше воодушевена од настанот на кој следеше потпишување автограми на подарени те книги и пригоден коктел.

Писателката Елена Николова се обрати до публиката со пораката,, Сакајте се сите оти само преку љубовта ќе бидеме поблиску до Бога и ќе опстоиме , ќе го спасиме светот,,.

 

[fblike]

Напишете коментар