[fblike]

Почитувани колеги

Како и секоја година, така и оваа година се одржува натпреварот Кенгур,. Оваа година Кенгур без граници 2023 година. Натпреварот Кенгур има големо влијание во животот на многу индивидуи кои учествувале на овој натпревар. Од тие причини ве покануваме да земете активно учество на овој натпревар. Дополонително.

АКРЕДИТАЦИИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР КЕНГУР

Како и за сите меѓународни натпревари така и за натпреварот КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ не се потребни домашни акредитации. Единствена акредитација е онаа што ја имаме добиено од АСЕМБЛЕЈАТА НА КЕНГУР, и на кого му е потребна можеме да му ја испратиме. За тоа треба да се обратите по меил. Нашата законска регулатива не може и не смее да спречи по било кој основ овој натпревар да се одржува, како и било кој меѓународен натпревар воопшто. Тоа би бил најголем антидемократски чин што може да се случи во една држава.

НАТПРЕВАР КЕНГУР И НАТПРЕВАРИТЕ ПО МАТЕМАТИКА

Тема на која може да се напишат бројни пред се научни статии а секако и докторати како по математика така и во други области, не само во Македонија туку и по целиот свет. Но, натпреварот Кенгур од страна на државата, барем тие така цитираат, се третира како математичка игра…. Но дали е тоа така…. Тоа е главното прашање… Во низа земји веќе има жестоки противници на оваа теза. Под условите под кои се одржува, никако не може да има третман на игра, односно тоа е најмалку игра. Пред се натпреварот Кенгур е натпревар кој е организиран на голема популација на деца. Тука учествуваат и голем број на деца кои и немаат силен успех во стандардната математика, ново кенгур се одлични натпреварувачи, ученици. Секако големиот број на натпреварувачи (преку 6 милиони), предизвикува да тој не се рангира за сите држави заедно, што во современи услови и не било голем проблем. Од друга страна тој е натпревар кој интензивно ја развива математичката логика, кај сите категории на натпреварувачи без исклучок, како ниеден досега натпревар по математика. И оваа тема можеме да продолжиме да ја дискутираме како и натпреварот Кенгур, до бескрај. Но на крај мора да заклучиме дека мора да се најде начин како Кенгур да го добие заслуженото место кое го има, ако се има предвид дека Кенгур не е натпревар составуван од локални математичари. Тоа е натпревар кој ги допира сите дисциплини, па затоа мора и така да се третира.

СО УЧЕСТВОТО НА ОВОЈ НАТПРЕВАР АКТИВНО СЕ ВКЛУЧУВАТЕ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ДВИЖЕЊА ВО МАТЕМАТИКАТА. ЅАРАДИ ТОА

ПОВЕЛЕТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР

КЕНГУР 2023 ГОДИНА

[fblike]

Напишете коментар